Француски шик: Стилски беретки кои едвај чекаме да ги носиме!

Недела, 27 Септември 2020 10:00

Иако при купување нови есенски парчиња, обично се фокусираме на блузите или јакните, старото правило е дека деталите се оние што прават најголема разлика и ја поставуваат облеката на сосема ново ниво. Овој пат нашето внимание го украдоа беретките кои дефинитивно ќе бидат на прво место при изборот на стилски есенски детали.

Беретката е прекрасен моден додаток за секоја комбинација и е одлична „алатка“ за создавање на различни и специјални стајлинзи. Можете да носите беретка во комбинација со женствени, елегантни „аутфити“, но и оние повеќе откачени кои ќе ја нагласат комбинацијата на некомпатибилното. Ви предлагаме да се држите до неутралните или светли тонови.

Освен што изгледа одлично, беретката е добар сојузник и за „лошиот ден на косата“ затоа што ќе ја поправи и најлошата фризура и ќе постигне интересен визуелен впечаток на едноставен и впечатлив начин. Зборувајќи за коса и фризури, пуштената коса во комбинација со беретка е класичен избор кој секогаш изгледа одлично.

За да ви помогнеме да ја изберете најубавата беретка, ви ги пренесуваме нашите омилени избори за есента.

БереткаБереткаБереткаБереткаБереткаБереткаБеретка