Колекцијата на Дуа Липа и Pepe Jeans за есен/зима 2020/21 е веќе во продажба во сите продавници на Pepe Jeans низ светот, како и во онлајн продажба на официјалната страница на модниот гигант.
Популарната пејачка е главно лице во кампањата за новата колекција на Pepe Jeans, која самата ја дизајнираше. За овој излет од музиката, Дуа објаснува дека модата игра важна улога во нејзиниот живот и кариера, бидејќи верува дека е од витално значење за самоизразувањето, и се надева дека колекцијата ќе им се допадне на нејзините обожаватели.
Во колекцијата главен акцент е ставен на фармерките, првенствено длабоки како оние од деведесеттите, но има и други детали, џемпери, фустани, кошули...
Дуа Липа и Pepe Jeans ќе ве одведат на патување инспирирано од богатата историја на тексасот. Дуа носи некои од легендарните стилови од претходните децении. Модата поминува, но фармерките секогаш ќе бидат тука, вели модното партнерство.