Бијонсе блеска во есенската кампања за новата колекција на Адидас со нејзин потпис

Недела, 01 Ноември 2020 11:00

На почетокот на оваа недела, во јавноста се појавија фотографии кои ја најавија втората соработка на Адидас со колекцијата „Ајви Парк“, именувана по првата ќерка на американската пејачка. На фотографијата пишува „DRIP 2 30 октомври“.

БијонсеБијонсе

Втората колекција на Бијонсе, Ајви Парк x Адидас, нуди пет нови интерпретации на класичните патики на Адидас. DRIP 2 има и инклузивни димензии, полово-неутрална опрема за перформанси и додатоци, од хеланки, тренерки и шорцеви за велосипедисти, до мали торбички во функција на ремени, „sweat suits“, боди и слично, претежно со тројни пруги, заштитниот знак на Адидас.

БијонсеБијонсеБијонсеБијонсе

Првата колекција на Ајви Парк x Адидас беше објавена на почетокот на оваа година, вклучувајќи ги Дипло, Рис Витерспун, Меган Ти Сталион и Карди Би, за да помогнат во промовирањето на новата линија преку нивните профили на Инстаграм. Пред лансирањето, Бијонсе во своите интервјуа ја нагласуваше важноста да се задржи `тонот` на Ајви Парк родово-неутрален.

БијонсеБијонсе

DRIP 2 колекцијата е достапна на веб-страницата на Адидас од 30 октомври. Парчињата се достапни во големини од XXXS до 4X.

БијонсеБијонсе

На сликите од кампањата со Бијонсе во главната улога доминираат парчиња во розова, неонско жолто-зелена, сина и медова боја од втората колекција „Дрип 2“ на брендот.