33 модни лекции од Блејк Лајвли за нејзиниот 33. роденден

Вторник, 25 Август 2020 21:45

Кога станува збор за модата, сите црпиме инспирација од некаде, најчесто се тоа социјални мрежи, веб-сајтови, филмови, но и познати личности. Всушност, познатите се и најголемите трендсетери, па можеме да научиме многу од нив.

Во оваа категорија изборот е лесен и круната е доделена - Блејк Лајвли, кралица на стилот, која освен што ги прати најновите трендови, често започнува и свои, а одлична е во комбинирање на детали кои од секоја комбинација ќе направат оригинален изглед.

Освен актерските способности, таа има совршен моден вкус. Ова најдобро се гледа во нејзините стилски комбинации кои воодушевуваат секој пат. Без разлика дали одбрала најобична комбинација со фармерки и маица, или елегантен фустан, таа секогаш изгледа неодоливо и нереално добро, како права муза на легендарниот Christian Louboutin.

Американската актерка и омилена „Gossip Girl“ е дама чиј стил секој се обидува да го следи или копира. Освен на филмските екрани, често ја гледаме и во најпознатите модни списанија. Инспирирани од неа и нејзиниот роденден, се обидовме да ви пренесеме дел од авангардните креации кои го одбележаа секој црвен тепих каде што ќе се појавеше.

Блејк ЛајвлиБлејк ЛајвлиБлејк ЛајвлиБлејк ЛајвлиБлејк ЛајвлиБлејк ЛајвлиБлејк ЛајвлиБлејк ЛајвлиБлејк ЛајвлиBlake LivelyBlake Lively