Вроденото чувство за стил на Французинките одамна го има маѓепсано остатокот од светот. Тие едноставно се олицетворението на елеганцијата, едноставноста и убавината.

И додека морнарските линии, свилените шалови и ниските потпетици се поврзани со Парижаните доволно долго за да станат клише, тие сепак се дел од гардеробата на секоја добро облечена Французинка - затоа што се безвременски.
Добра вест е што формулата за стилот „Француска девојка“ е релативно едноставна. Ако барате да внесете малку софистицираност во вашата гардероба, погледнете што издвоивме од француските гардеробери кое лесно може да се вметне во нашата локална мода за впечатлив шик изглед.
Кремаво палто за сите пригоди

Елегантно црно палто

Кремаво-бели патики за лежерни пригоди

Шаренило во мали дози – свилени марами

Нежна еднобојна маичка

Бела oversized кошула со чипкаст градник кој намерно ѕирка

Класична црна чанта

Светли фармерки со поширок крој

Женствени впечатливи балетанки

Наутичка (морнарска) шара
