Чекор по чекор: Смела летна шминка

Вторник, 21 Јули 2020 10:00

Декоративната козметика е создадена за нагласување на природната убавина, но истовремено нуди и слобода на изразување. Најчестата примена е за прикривање недостатоци, потоа истакнување на одредени делови од лицето. Ако спаѓате во оние похрабрите кои сакаат да еспериментираат, ќе ви се допадне најновиот тренд на летна шарена шминка. 

Летото е идеално време за експериментирање со шминката, и можност да ги пробате сите техники на шминкање кои претходно сте ги посакувале. Овој период од годината сè е шарено, весело, разиграно, летно, па зошто шминката на вашите очи би била поинаква. 

Во зависност од вашиот тен и боја на коса ви нудиме повеќе избори на бои за кои не е потребно да сте професионалец, на кои заеднички им се светлите нијанси кон кои треба да се преориентираме и да се ослободиме од темните нијанси соодветни на поладните температури.

Иако шминката е еден вид уметност, а не секој човек е роден за да биде уметник, со денешниот водич за летна шминка ќе успеете правилно да се нашминкате и да успеете да ги истакнете вашите убави делови, а истовремено да привлекувате внимание со оригиналноста.

Предлог број 1:

Шминка во боите на зајдисонце. За овој изглед потребни ви се сенки во топли златно-портокалови нијанси и црн молив за очи. Пожелно е да имате прецизна рака за графичките линии.

ШминкаШминкаШминкаШминкаШминкаШминкаШминкаШминкаШминкаШминка

Предлог број 2:

Графички ајлајнер во дискретно светкави портокалово-розови нијанси. За овој изглед потребно е да имате малку повешта рака за изведување долна и горна рамномерено поставена линија. Се финишира изгледот со црн молив за визуелно издолжување на окото.

ШминкаШминкаШминкаШминкаШминкаШминкаШминкаШминкаШминкаШминка

Предлог број 3:

Бургунди зачадени очи. Сенка во бургунди боја изблендана со црн молив. Надополнете со вештачки трепки за повпечатлив изглед. Едноставно и елегантно. 

ШминкаШминкаШминкаШминкаШминкаШминкаШминкаШминкаШминкаШминка

Најчитани

Соновник

Најчест сон за вчера беше: Мртовец

Цагери

Следен цагер

Цагери Петок - 04:04 - Не може без тебе