Запознајте го Гејлорд – модерен мачор чијашто гардероба е во склад со трендовите

Среда, 06 Јануари 2021 10:00

Честопати слушаме дека домашните миленици и нивните сопственици си наликуваат едни на други.

Претпоставуваме дека тоа е поради врската и љубовта што се раѓа меѓу нив. Животните се љубопитни по природа и сакаат да учествуваат во сè што прават нивните сопственици. Затоа, секоја активност на сопственикот станува нешто во што милениците сакаат да дадат свој придонес. Денешната приказна нè води до една многу интересна модерна мачка.

Неговите сопственици го спасија од незавидна судбина. Како и повеќето улични мачиња, беше предодредено да се најде во засолниште за мачки, но судбината имаше други планови. Пред осум години сопствениците на оваа мачка одлучија да посвојат милениче. Решија да го посетат локалното прифатилиште за животни, заедно со една од нивните ќерки, онаа која беше најмалку воодушевена од идејата, за самата да избере мачка што би можела да ја толерира. Првата средба со истата не може да се каже дека даваше блескави прогнози.

Мачето беше во кафез полн со неговите браќа и сестри, во просторија која не мирисаше најдобро. Со други девет мачки за избор, тогашниот сопственик на споменатата мачка најпрво го понудил на девојчето најслаткото маче од целиот кафез, кое категорично го одбила. На изненадување на нејзиниот татко, на девојчето му се допаднало најмалку симпатичното маче, кое го именувала Гејлорд, што значи „надзорник“.

Подоцна, љубовта на оваа мачка кон модата ја забележал неговиот сопственик кога го забележал во купот свилени чорапи во детската соба. Мачката ги следела насекаде со голем интерес во сите активности поврзани со облекување или маскирање. Кога и да се фотографирале, мачката не пропуштила можност да застане и да позира со нив. На девојчињата им се допаднало да го облекуваат во супер херој, актер, музичар итн.

А како тоа изгледа на сликите, погледнете во нашата галерија.