Стилизирајте ги ноктите во духот на новогодишната ноќ

Вторник, 29 Декември 2020 19:40

Полека се движиме кон последните денови од оваа предизвикувачка година.

Во нормални околности, би не фатила еуфорија околу облеката што треба да ја купиме за новогодишната ноќ. Наместо тоа, сега имаме „леле за некој ден ја дочекуваме Новата година“, само со мисла  и надеж „конечно оваа 2020 година да заврши заедно во пакет со Корона вирусот“.

И иако сите ќе ја дочекаме Новата 2021 година во нашата дневна соба, тоа не значи дека не треба да носиме убав фустан, да направиме фризура, да се нашминкаме и дефинитивно да ги средиме ноктите. Затоа драги дами, ви ги донесуваме совршените комбинации на декорации за нокти во духот на новогодишната ноќ. Пожелен е мал гламур со цел да се размислува помалку за сè што е зад нас и да се насочиме повеќе кон иднината.

Блескав дизајн, златни и сребрени тонови, sвезди, снегулки и многу повеќе. Најдобро од сè, не ви треба помош од козметичар за да ги стилизирате ноктите во духот на новогодишната ноќ. Потребно е само малку фантазија, смелост и неколку сјајни лакови за нокти во разни бои по избор. Сè друго е во зависност од вашиот вкус и стил. Пронајдете инспирација во волшебните зимски принтови и направете ја новогодишната ноќ незаборавна.

Нашата галерија ви стои на располагање, како мала форма на инспирација.

НоктиНокти