Се појави „изгубената близначка на Меган Маркл“ која стана вистински хит на Инстаграм

Вторник, 15 Септември 2020 10:00

Се верува дека секоја личност си има свој двојник, но кога сте јавна личност луѓето кои наликуваат на вас побргу се препознаваат.

Акеиша Варнадо Ланд

Акеиша Варнадо Ланд, инфлуенсерка од Канзас Сити е 39 годишна мајка на две деца, која всушност направи Инстаграм профил за својата ќерка Greyson и веднаш доби повеќе од 160.000 следбеници. Не е ни чудо бидејќи нејзината ќерка е навистина симпатична, а откако Акеиша реши да се појави на заедничка фотографија која доби над 22.000 лајкови за многу кратко време, Инстаграм профилот доживеа огромна популарност и стана хит на социјалните мрежи поради нејзината неверојатна сличност со поранешната војвотка Меган. Таа веројатно не можела ни да претпостави дека ќе добие илјадници следбеници на Инстаграм само поради една работа – неверојатната сличност со Меган Маркл.

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Greyson Regina Land (@greyson_land) on

„Често ме споредуваат со неа, и тоа не само на социјалните мрежи. Кога пешачам, одам во црква, кино, пазарам... Непознати луѓе ми приоѓаат и ме прашуваат дали некој некогаш ми има кажано дека изгледам идентично како Меган, особено во последно време откако носам права коса. Дури и моите пријатели и семејство велат дека потсетувам и личам на неа. Иако јас не гледам никаква сличност, секако тие споредби ги прифаќам како голем комплимент“, изјави Акеиша за Daily Mail и E! News.

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Greyson Regina Land (@greyson_land) on

Корисниците на социјалните медиуми не престануваат да коментираат за Акеиша, и се шират гласини дека таа е дури и роднина на Меган. Погледнето колку Акеиша и Меган наликуваат една на друга.

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Greyson Regina Land (@greyson_land) on

Цагери

Следен цагер

Цагери Четврток - 21:21 - Ќе ти се пушта