Русинка создава импресивни керамички садови во форма на свиткани мачки

Четврток, 19 Ноември 2020 10:00

Велат дека човекот може да добие најдобар пријател само ако го бара надвор од човечкиот свет. Ова се однесува на светот на животните, кој се труди да функционира во нашиот свет. Ако имате домашно милениче дома, знаете за што зборуваме. Толку многу љубов, нежност и лојалност што ретко кој може да ви даде поискрено од куче или мачка. Ако сте љубител на мачки, исто така знаете дека никогаш не сте вистински нивни сопственик и дека тие се секогаш на слобода, а слободен избор е да бидат со вас. Фасцинацијата со мачки доведе до создавање на неверојатни уметнички дела, а ние денес ви претставуваме само едно.

Се работи за уникатни керамички садови кои се дело на руска уметница. Велиме уникатни бидејќи не станува збор за чинии и садови од класична форма, туку за слики на мачки во завиткана форма. Фантастичен подарок за секој љубител на мачки. Без разлика дали ќе бидат изложени во дневниот престој како форма на украсување или ќе се користат за чување вредни предмети како накит или за јадење, овие керамички ремек-дела се навистина приказ на необична вештина.

Руска уметница

Самата уметница, Татјана Гаврилова позната како Танико Га, изјавува дека отсекогаш сакала мачки и дека ужива да работи со керамика бидејќи тоа и дава можност да ги реализира сите свои идеи. Комбинирајќи ги овие две љубови во една, создадена е колекција од многу интересни чинии, кои изгледаат многу реалистично. Мачките изгледаат како да заспале во скутот на сопственикот, удобно се склупчиле не грижејќи се за настаните околу нив.

Секое парче е направено од бела глина и е рачно насликано, што значи дека како такво е уникатно и скоро неповторливо. На некои од чиниите на задната страна има и метална кука за закачување на ѕидот. Ако сте подготвени за малку љубов и нежност со мачки, не пропуштајте ја можноста да погледнете во нашата галерија.

Руска уметница