Потсетете се на вашите патувања додека нетрпеливо ја очекувате следната авантура

Вторник, 01 Декември 2020 10:00

Во моментов поради новонастанатата ситуација, одложени и откажани се сите патувања со цел да се спречи ширењето на новиот вирус Ковид-19. Како дел од мерките, Властите препорачуваат да не се патува и да се остане во својот дом. Сите имаме голем број на фотографии од нашите патувања, а нивната дигитализација не ни овозможува во целост да уживаме во нив затоа што ни се заборавени некаде во нашите телефони или компјутери. Па, имајќи повеќе од доволно слободно време, а и желба да отпатуваме во некоја нова авантура и дестинација, конечно е време да испечатите некои од тие убави фотографии и да започнете со тој бележник или албум со фотографии што мислевте да ги направите, а секогаш бил оддолжуван за некоја наредна прилика. Ова е одличен начин да се присетите и да ги цените сите патувања што сте ги направиле претходно и да ги оживеете спомените преку фотографии и други сувенири.

Осмислете ја корицата

Сликата и изгледот на корицата е една од најважните работи. Сликата што ќе ја одберете треба да ве инспирира да одите во нови авантури (чувајте го вашиот бележник некаде каде што можете да го гледате почесто), како и да ве потсети на вашите најмили сеќавања од претходните патувања.

Комбинација од мигови

Изборот на миговите од патувањата можеби и не е тешка задача, во зависност од тоа колку патувате и колку го овековечувате вашето патување. Страниците може да ги исполните со најразлични фотографии, билети од автобуски станици, аеродроми, карти од некој музеј или забавен парк, поштенски марки, може да залепете мали школки кои сте ги пронашле на плажата, сé она што ве враќа во најубавите сеќавања од вашето патување.

Moжете да додадете и мали писма во кои опишувате некое ваше доживување, па наредниот пат кога ќе го разгледувате бележникот, ќе се потсетите токму на тие незаборавни моменти.

Залепете ги сликите

Откако ќе ги мапирате страниците со поставување на вашиот дизајн, тогаш е време да почнете со лепење. Овде можете да додадете украсни лепенки по ваш избор, што нагласуваат одреден момент на фотографијата, да ставите наслов над секоја страна или пак да нацртате нешто. Можете да ја украсите корицата со останатите лепенки и слики кои ве потсетуваат на вашите омилени аватури. Од вас зависи колку шаренолико и интересно ќе изгледа вашиот бележник, а ние собравме дел кои најмногу ни се допаднаа, па можете да започнете инспирирани од нашите предлози.

Разгледајте ги филмовите за патувања и уживајте во пејсажите на прекрасните дестинации

Филм

За крај, бидејќи во моментов не можеме да уживаме во патувањето, ви препорачуваме листа на филмови преку кои виртуелно ќе отпатувате и ќе уживате во разните дестинации низ светот:

  1. “The Secret Life of Walter Mitty”
  2. “Eat, Pray, Love”
  3. “Ugly Delicious”
  4. “Sisterhood of the Traveling Pants”
  5. “Mamma Mia”
  6. “Parts Unknown”
  7. “The Imagineering Story”