Да се биде дел од кралското семејство е неверојатна привилегија, но доаѓа со многу традиции и правила. Секој член на кралското семејство треба да ги почитува и следи правилата во нивните секојдневни животи, а нивните модни избори не се исклучок. Британското кралско семејство се придржува кон многу специфични и строги правила за модата. Тие правила влијаат врз облеката што ја носат и како ја стилизираат.
Издвоивме неколку правила и протоколи до кои треба да се придржуваат дамите од кралското семејство.
Лакови за нокти во боја не се дозволени

Веројатно веќе имате забележано дека секој пат кога кралицата Елизабета, принцезата Меган Маркл или Кејт Мидлтон излегуваат во јавноста, нивната боја на ноктите е секогаш суптилно неутрална. Тие користат светло розови нијанси или безбоен лак за нокти.
Не секој може да носи тијара

Да се носи тијара е привилегија резервирана само за мажените жени. Тие се носат само за свечени кралски прилики како што се венчавките. Кејт за својата свадба позајми тијара од кралицата Елизабета, а за некои други прилики ги носи и оние кои и припаѓале на принцезата Дијана. Жената која присуствува на некое вечерно случување, а нема тијара, покажува дека е слободна.
Кралицата носи облека само во светли бои

Кралицата Елизабета е секогаш облечена во светли бои поради специфични причини. За да се издвојува од луѓето и да биде забележана, таа најчесто е позната по монохроматските стајлинзи во силни бои.
Секогаш патуваат со резервна црна облека

Едно од познатите правила е дека членовите на кралското семејство мора да бидат целосно облечени во црна боја во случај на несакан смртен случај. Иако звучи морничаво и невообичаено, секогаш кога патуваат е потребна резервна црна облека во случај на ненадејна трагедија.
Кратките здолништа се строго забранети

Фустаните и здолништата секогаш треба да бидат во соодветна должина до колена. Мини здолништа се строго забранети за жените од кралското семејство. Тие исто така треба да бидат од тежок материјал за да спречат непријатности од типот на силен ветер и сл.
Шапки

Реткост е да се најде фотографија од кралицата Елизабета каде таа е без шапка. Тоа е традиција која се задржала во кралското семејсво, па затоа на секое формално случување кралицата носи шапки кои одговараат на нејзиниот стајлинг.
Задолжително носење најлон чорапи

Нозете никако не смеат да бидат голи. Приоритет имаат прозирните хулахопки, а дозволени се и оние во боја. Ова е надополнето со уште едно правило, да не се прекрстуваат нозете. Нозете и колената треба да се држат една до друга, овозможувајќи им на глуждовите да се испреплетуваат. Популарниот став на седење е наречен Тилт на војвотката, измислен од Бомонт однесување и именуван од Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон.
Фармерките не се омилени

Фармерките во никој случај не се нешто што се препорачува да се носи, особено не на формални свечености. Не се официјално забранети, меѓутоа се сметаат за непожелни.
Носење ракавици

Примарната намена на носењето ракавици не е модна, туку за заштита од пренос на бактерии и вируси при ракување. Помладите членови поретко, но кралицата Елизабета речиси и не можете да ја видите без ракавици.
Чантата на Кралицата со скриена порака

Кралицата Елизабета ја користи својата чанта за сигнализирање скриени пораки, на пример, кога сака да ја напушти вечерата ќе ја стави на маса. Чантата служи и за избегнување ракување, секако, во ситуации кога ракувањето е неприкладно или надвор од протоколот.
Плико чантички со двојна намена

Принцезата Дијана на плико чантите им открила и друга примена освен примарната, а тоа е за прикривање на деколтето во деликатни ситуации. По разводот со принцот Чарлс, Дијана носеше малку посексапилен фустан, но деколтето го покри со чантата.