Кој е идеалниот новогодишен подарок за секој хороскопски знак?

Понеделник, 14 Декември 2020 20:00

Иако добро познатата изрека гласи: „Важна е намерата“, сепак сите, без исклучок, сакаат внимателно избрани подароци. Хороскопот е одличен помагател кога станува збор за избор на подароци - секој хороскопски знак има одредени работи што ги сака повеќе од другите, па еве како да ги развеселите вашите најблиски со совршени подароци.

Хороскоп

Овен

Овенот сака подароци! Сè возбудливо, шарено и забавно ќе го направи Овенот среќен. Тоа се личности кои секогаш сакаат да имаат први нешто кое штотуку се појавило. Подарокот треба да биде уникатен како снегулка и како нивниот карактер. Омилен цвет им е далија, а омилена боја црвена.

Бик

Претставниците на овој знак се сензуални, сакаат да мирисаат, допираат, слушаат, пробуваат сè, па сакаат ароматични парфеми, шише добро вино, квалитетен паричник... Во секој случај нека биде нешто квалитетно.

Близнаци

Лесно е да се купи подарок за Близнакот бидејќи тие навистина сакаат сè, од практични работи како паричници, или книги затоа што сакаат да го стимулираат својот ум со добро читање. Близнаците се родени комуникатори, па затоа сакаат подароци што се мултифункционални или се истакнуваат. При пакувањето на подарокот обратете внимание да биде на необичен начин, ништо досадно и традиционално.

Рак

Ракот знае да цени и се радува на секој подарок, но особено внимание посветува на начинот на кој го прима. Што и да решите да подарите на претставниците на овој знак, спакувајте го внимателно, за да им дадете до знаење дека ви значат, а особено ќе ги оставите без здив доколку приложите посвета со неколку убави зборови.

Лав

Лавот обожава подароци и целиот процес на дарување мора да биде спектакуларен. Сакаат да бидат забележани и затоа внимаваат како и каде се појавуваат. Познати се како материјалисти, и сакаат луксузни подароци како скапи и дизајнерски работи, златен и скап накит и сè што е жолто, златно или портокалово.

Девица

Практичните Девици сакаат сè што е - практично. Не сакаат наметливи и скапи подароци, претпочитаат корисна ситница што ќе ги потсетува на личноста од која го добиле подарокот во текот на целата година. Купете им книга како „100 совети за брзо чистење на куќата“ или „Совршена домаќинка“ или претплатете ги на списание со здравствена тематика.

Вага

Вагите симболизираат рамнотежа, иако многу често се неодлучни и не знаат што навистина сакаат. Било што да одберете мора да биде убаво. Елегантните Ваги често знаат да одат од една крајност до друга, па ќе ги воодушевите со едноставна и неутрална миризлива свеќа, но и со раскошна богато украсена рамка за фотографии.

Скорпија

Скорпиите знаат да остават впечаток, особено затоа што се чувствуваат добро во својата кожа. Тие секогаш се стремат кон нешто подобро во животот, па затоа е тешко да се задоволат нивните желби. Не заборавајте на страствената, сензуална и донекаде мистична страна на нивната природа: во таа смисла, можете да им подарите примерок Кама Сутра, прирачник за толкување на соништата или книга за човечката сексуалност, Тајландска масажа или дури и сертификат за скок со падобран. Накратко, обложувајте се на возбудливото и необичното.

Стрелец

Тие уживаат во животот, затоа соодветно изберете подароци за нив. Стрелецот секогаш бара нови авантури. Тие исто така уживаат да им даваат подароци на другите. Заинтересирани се за многу работи, но особено ги привлекува сè што е егзотично. Им треба внимание и забава.

Јарец

Оние кои се родени во овој знак бараат, и ги ценат мирот и приватноста, па затоа првенствено размислуваат за работи што не се поврзани со потребата за излегување и дружење со други луѓе. Личностите од овој знак подарокот го разбираат многу сериозно. Знаете дека можете да сметате на Јарецот како најлојална и најпрецизна личност на целиот свет, па затоа нејзиниот подарок треба да биде таков.

Водолија

Со овој знак управува Уран, симбол на се ново и современо, па ако навистина сакате да ги оставите неговите претставници без здив, изберете нешто модерно. Тие се воодушевуваат на оригиналност. Кога станува збор за модата, изберете што е најактуелно во моментот затоа што сакаат да се облекуваат по последен тренд.

Риби

Сè што е уникатно и рачно изработено е многу ценето. Романтична атмосфера со свеќи и вино при дарувањето ќе биде полн погодок. Главен критериум - сè што ги надминува вообичаените, практични стандарди: тарот карти, ориентално наргиле или ароматични ламби, прекрасни свеќи или кинеска „Книга на промени“, апликација co звук на дожд за медитација, предмети и украси со слика на митско животно - змеј или еднорог.