Не треба да патувате далеку за да видите нешто необично. Работите што не опкружуваат секој ден можат да не изненадат и да ја покажат нивната неочекувана страна ако ги ставиме под микроскоп. И веројатно никогаш не можевте да претпоставите дека внатре се крие цел нов свет.
Во оваа галерија можете да видите како изгледаат обичните работи ако ги видите преку микроскопска леќа.
Јагоди
Јагодите секогаш треба темелно да се измијат пред да се конзумираат, тие на својата површина имаат ситни бубачки кои се невидливи за човековото око.
Пајакова мрежа
Само под микроскоп можеме да ја зaбележиме цврстината на пајаковата мрежа, таа изгледа како метални жици испреплетени една во друга.
Чоколадо
Кога го гледаме под микроскоп, можеме да ги забележиме неговите кристали кои се формираат.
Варено јајце
Иако јајцето сеуште не е скршено, во процесот на варење се појавуваат овие мали микроскопски пукнатини.
Капка вода од природен извор
Иако за голото човеково око капката вода изгледа чисто и бристро, таа во себе содржи мал милион микроорганизми.
Слатко од јагоди
Под микроскоп можеме да ги забележиме желатинестите кристали кои се формирале од шеќерот кој е составен дел на било кое овошно слатко.
Крзното на пингвин
Крзното на пингвинот погледнато под микроскоп всушност наликува на ситни пердуви тесно испреплетени еден врз друг.
Брокула
Брокулата, кога ќе ја погледнеме подетално има уште поинтересна структура, таа е направена од ситни испакнатини кои се вртат во концентрични кругови се до самиот врв.
Солзи
Иако и созлите изгледаат како обични проѕирни капки, погледнати под микроскоп тие имаат мали кристали создадени поради нивната солена структура.
Кожата на ајкула
Кожата на ајкулата кога ја гледаме одблизу делува еднакво страшно како и нејзините остри заби, таа всушност не е мазна туку е составена од многу ситни остри крлушки.