Хороскопот открива: што ни носи 2021 година?

Среда, 23 Декември 2020 10:00

Дојде, пројде, да не се врати... тоа би било резиме за 2020 година. Да, во пракса видовме како изгледа кога имаме кобна - кармичка година и што значи блокада и невозможност за реализација, без оглед колку напор и желба да имаме. Не можевме да ги контролираме настаните во 2020 година, за жал - тие имаа целосна контрола над нас. Но, годината што изминува го направи токму она што требаше да го стори и во суштина направи вовед во 2021 година.

Годината во која влегуваме е година на нов почеток (или поточно - „разработка“ на нов почеток затоа што промената во суштина беше иницирана претходната година), но нема да е лошо да се потсетите на она што ве учеа како мали - „секој почеток е тежок“. Особено бидејќи спојот на Сатурн и Јупитер во знакот на Водолија, што се случи во декември 2020 година, ќе ја одбележи годината пред нас. Сатурн, како владетел на Водолија, е на своето место - неговата основна природа е ограничувачка, блокирачка, стеснувачка. Јупитер во знакот на Водолија нема достоинство и неговата основна природа е да го шири она што го наоѓа - било да е тоа позитивно или негативно.

Хороскоп

Во превод - на глобално, но исто така и на личен план - продолжува трендот што започна во текот на 2020 година. Насоката што ја „уловивте“ ќе ве следи во текот на годината во која влегуваме. И оваа година претставува - старо наспроти ново. Реформа против традицијата. Колку повеќе се држиме до старите модели на функционирање - тоа ќе биде покомплицирано за нас. Колку повеќе се обидуваме да ја одржиме моменталната состојба - толку повеќе пречки ќе наидат. Па дури и тие нови почетоци нема да успеат од првиот, туку само од вториот обид. Изгледа како 2021 година упорно да нè принудува да вложиме двојно повеќе напор во сè што сакаме да постигнеме, промениме, започнеме. Нема ништо ново да е лесно и успешно од прв обид.

Промените ќе се случат на економски и финансиски план на глобално ниво, некои стари (застарени) организации и системи ќе пропаднат - што ќе влијаат врз сите нас. Затоа, ова е година на „справување“, во смисла дека многумина од нас ќе преминат на различни работни места и на поинаков начин на функционирање. Информатичката технологија и понатака ќе напредува и ќе се шири.

Промените што ќе постојат на сите нивоа нема да бидат лесни за прифаќање. Затоа, ова е исто така година на бунтови, внатрешни и надворешни. Година на револуција на лично и глобално ниво. Колку побрзо сфатиме дека никогаш нема да бидеме тоа што бевме и дека околностите за кои знаеме сега почнуваат да се менуваат - полесно ќе ни биде да ги поминеме овие и следните години од нашите животи.

Хороскоп

Марс ќе не заобиколи со својот ретрограден циклус и Венера ќе биде ретроградна, но дури на крајот на годината во декември. Меркур е ретрограден во февруари во знак на Водолија, во знак на Близнаци во мај/јуни и во септември/октомври во знакот на Вага. Јупитер и Сатурн ќе имаат редовни годишни ретроградни циклуси, како и Уран, Нептун и Плутон.

Затемнувањето на Месечината е во знакот на Стрелец на 26 мај, затемнувањето на Сонцето во знакот на Близнаци на 10 јуни. На 19 ноември имаме затемнување на Месечината во знакот на Бик, а на 4 декември затемнување на Сонцето во знак на Стрелец.

Пред нас е целосно различна година од оваа од која само што не сме излегле. Колку што 2020 година беше статична и блокирачка, толку многу 2021 ќе биде активна и подвижна, без мир и смиреност. Година после која светот повеќе нема да биде местото што го знаевмe.

Хороскоп

Излегуваме од годината на тежината, влегуваме во годината на промената. Нека ни е со среќа!