Хороскопот открива: Што можеме да очекуваме од јануари 2021 година?

Сабота, 02 Јануари 2021 10:00

Официјално започна јануари, првиот месец од нетрпеливо очекуваната 2021 година, каде нè чекаат Сонцето, Меркур и Плутон во знакот на Јарец. Сатурн и Јупитер се во знакот на Водолија, Нептун во знак на Риби и Марс во знак на Овен. Уран е сè уште ретрограден во знакот на Бик, Месечината во знак на Лав, како и Венера во Стрелец. Самиот момент на влегување во новата година е со повеќе негативни аспекти, од позитивни.

Хороскоп

Веќе на 4-ти јануари Меркур, приближувајќи се кон Плутон, започнува да создава квадратен аспект со Марс, кој, и од знакот на Јарец и од знакот на Водолија, ќе трае до 10-ти јануари. Значи, веќе деновиве влегуваме во тензични моменти кои се поврзани со деловно-материјалната сфера и силната нервна надразливост. Енергијата е особено нестабилна од 8-ми јануари до 12-ти, кога Меркур прави квадратен аспект со Уран од знакот на Бик. Овие аспекти значат разни „пукања“, стресни ситуации, непријатни изненадувања, новости што не исфрлаат од контрола, скандалозни откритија и зголемени здравствени проблеми.

На 6-ти јануари, Марс ќе премине во знакот на Бик, знак на материјалните добра, финансиска стабилност и лични вредности. Неговата позиција тука е лоша и означува проблеми и борби во финансискиот сектор. Од неговото влегување во знакот на Бик, Марс ќе биде во квадратен аспект со Сатурн и Јупитер, но исто така во конјукција со Уран - што носи повторување на ситуациите од вториот дел на 2020 година - особено оние што останале нерешени и незавршени - за овој пат да има конечно „подвлекување на линијата“, на прилично непријатен и бурен начин. Овие аспекти се активни до 21-ви јануари.

На 8-ми Венера преминува во знакот на Јарец. За оние кои се емоционално стабилни - ова е добар транзит. За оние кои не се - тоа претставува ладење, оддалечување, дистанцирање и затворање во себе. Добриот аспект на Венера со Марс од знакот на Бик дава можности за дополнително зајакнување на стабилните партнерски односи, дава трајни љубовни приказни и можност да се најде личност која би можела да стане значајна во нашите животи. Венера на 13-ти, токму на новата Месечина што се случува во знакот на Јарец, прави тригон со Уран од знакот на Бик, како и со Марс - затоа тука е одличен период за љубовни изненадувања, но и за солидна заработка.

На 14-ти јануари, Уран се движи по директен пат во знакот на Бик, а на 19-ти јануари Сонцето ќе премине во знакот на Водолија. 28-ми е полна месечина во знакот на Лав. Меркур влегува во својата сенка во средината на јануари, и почнува со ретроградно движење од 30-ти во знакот на Водолија.

Во суштина, периодот од 4-ти до 21-ви јануари е исклучително предизвикувачки за сите и може да донесе активирање на проблеми во различни сектори. Започнува од квадратот на Меркур и Марс, преминува на квадратот Марс со Сатурн и Јупитер и завршува со квадратот на Јупитер со Уран. Сите квадрати се од фиксни знаци, што значи дека станува збор за борби каде ниту една од страните не сака да се откаже и изгуби. Сите „борби“ се поврзани првенствено со материјалниот и финансискиот сектор, што ни кажува дека овој јануари ќе биде доста стресен во финансиите и дека не очекуваат многу нервозни ситуации околу овие прашања.

Познати ви се бројните истражувања кои тврдат дека јануари е секогаш најдепресивниот месец во годината, но да се надеваме дека овој ќе го паметиме по убаво. Да сме оптимисти за нашиот душевен мир, бидејќи - и покрај некои убави аспекти и поволни можности, суштината на јануари е сепак - борбата. Ви посакуваме да бидете победник во овие битки. Со среќа!