Хороскопот открива: Што можеме да очекуваме од декември 2020 година?

Вторник, 01 Декември 2020 20:30

Иииии... полека стигнавме до последниот месец од оваа непредвидлива 2020-та. Годината што нè воведува во новата ера која верувале или не - официјално започнува во вториот дел од овој декември. Светот драстично ќе се промени од влегувањето во 2021-ва година, но за тоа во годишниот хороскоп...

Хороскоп

На влезот во декември нè чека Сонцето во знакот на Стрелец, Плутон, Јупитер и Сатурн во знакот на Јарец. Во Рибите е Нептун, во Овен е Марс и ретрограден Уран во знакот на Бик. Месечината полека опаѓа - излезе од целосната фаза и од затемнувањето и се наоѓа во знакот на Близнаци. Во Шкорпија се Венера и Меркур.

Веднаш на 1-ви декември, Меркур од знакот на Шкорпија ќе премине во знакот на Стрелец. Тој овде дава „широки“ приказни и малку филозофирање. Некој би рекол - многу збори, малку кажува. Сепак, Меркур иде кон Сонцето и кон тригонот со Марс, така што приказната ќе даде и движење и реализација. Во деновите кога ќе биде во квадрат со Нептун, а тоа е од 11-ти до 16-ти декември, не треба да верувате во разни непроверени информации и ветувања. Многу магла и лаги.

На 14-ти декември имаме целосно затемнување на Сонцето и млада Месечина во знакот на Стрелец. Ова затемнување е вовед во големата конјукција на Јупитер и Сатурн која ќе биде во првиот степен на Водолија. Затемнувањето го најавува крајот на системот каков што го знаеме - и на лично и на глобално ниво.

На 15-ти декември, Венера преминува во знакот на Стрелец. Во првиот дел од декември, ќе создаде добри аспекти кон Нептун, Плутон, Јупитер и Сатурн - оние емотивни и деловни односи што требаше да влезат во фаза на стабилност и да се опорават од шоковите во изминатите месеци - сега веќе работат многу добро и бидејќи Венера ќе биде во тригон со Марс - сигурно е зголемување на страста и емоциите. Пред крајот на годината, Венера ќе направи квадрат со Нептун, затоа во тие денови треба да се биде малку претпазлив во однос на љубовните идеализации, измами и лаги.

На 17-ти декември, Сатурн преминува во знакот на Водолија. На 19-ти декември, Јупитер ќе го стори истото. Сатурн претставува време и Јупитер претставува простор (заедничка симболика би било - во вистинско време, на вистинско место) ќе направат голема конјукција на денот на зимската рамноденица на 21-ви декември во првиот степен на Водолија најавувајќи дека официјално започнуваме период на огромни промени, модернизација, обиди за ограничување на слободата, но и зајакнување на поединците и групите за колективни цели засновани врз хуманост и еднакви права.

На 21-ви, Сонцето и Меркур преминуваат во знакот на Јарец и официјално започнува зимата. А заедно со зимата и нов период во историјата на човештвото - првата голема конјукција на Јупитер и Сатурн во воздушен знак по стотици години. Истиот период наназад конјукциите се паѓале во земјени знаци, нагласувајќи ги материјалните работи. Од овој момент, акцентот е на интелектуалниот, креативниот, духовниот, на протокот на информации... и да - на сè повиртуелниот, отуѓен начин на живот, роботиката и модернизацијата. Борбата помеѓу конзервативното, ограничувањата и потискувањето со прогресивното и новото.

Па, тоа би било за декември... И да, тоа би било и за 2020-та година. Ги одбројуваме полека нејзините последни денови. Како што ги одбројуваме деновите додека не влеземе во годината што ќе го промени ликот на светот - сè додека Сатурн е во знакот на Водолија, до март 2023-та.

Уживајте во декември, со среќа!