Дали видеозапис на лице што говори тивко и полека, тропка со прстите или се масира може да послужи како `мозочен оргазам`? Добре дојдовте во светот на ASMR - мистериозен и неистражен вид задоволство.
![АСМР](https://static.taa.mk/uploads/attachments/627/body/ASMR_Advertising_social.jpg)
Удобно се сместувате во кревет и пуштате ASMR видео на YouTube. Набрзо чувствувате како тензијата расте, се до моментот на трпнење од вратот до крстот. Потоа телото сосема ви се опушта и подготвени сте да заспиете. И покрај навидум недвосмислениот заклучок, не станува збор за порно-снимка. Станува збор за ASMR видео, еден од најинтересните феномени на интернет. Реакцијата на автономниот сензорен меридијан, кој е стручен назив на овој феномен е интензивно пријатно чувство на врвот на главата, кое потоа се спушта по должина на 'рбетот, и низ рацете и нозете, а претставува реакција на специфични звуци и настани.
![АСМР](https://static.taa.mk/uploads/attachments/628/body/http___com.ft.imagepublish.upp-prod-us.s3.amazonaws.jpg)
Иако сѐ уште не се објавени официјалните резултати од научни истражувања, и ретко кои невролози се расположени да ги изнесат претпоставките врз основа на досега собраните податоци, ASMR е дефинитивно феномен, барем на интернет. До пред некоја година, на Јутјуб имаше само неколку канали посветени на оваа тема. Денес, потрагата по ASMR каналите дава над 30.000 резултати, додека ASMR одделот на Редит бележи повеќе од 80.000 корисници.
Пред две години за сето тоа се заинтересирал и докторот по невролошки науки од Балтимор Брајсон Лохте кој го проучувал ова искуство за потребите на својата докторска теза. Во еден дел од своето истражување, тој употребувал магнетна резонанца за снимање на мозочната активност на испитаниците што гледале ASMR видео записи. Имено, докторот верува дека реакцијата не е само во главата на луѓето.
„Фактот што толку многу луѓе истата реакција ја опишаа на толку бизарен низ стимули недвосмислено укажува на тоа дека не измислувале“, изјавил тој.
Универзитет во Шефилд минатата година спровел студија за АСМР и открил дека клиповите помагаат на луѓето да заспијат, па дури и поедини лица кои патат од анксиозност и депресија, затоа што ја успоруваат работата на срцето и побудуваат позитивни чувства, вклучувајќи и чувство на опуштеност и социјална поврзаност.
![АСМР](https://static.taa.mk/uploads/attachments/629/body/07mag-asmr-slideshow-slide-GD4T-jumbo.jpg)
ASMR се здоби со популарност уште одамна, во 2012 година, врз основа на тоа како вашето тело реагира на звук, првично тоа беа звуците на берберница, што значи звук на ножици додека ја четкате косата, подоцна стана најчестиот шепот или тивко читање на книга, листање страници. шушкање со хартија, чешлање на косата, прашина. Тоа е состојба во која, кога сте изложени на надворешен стимул, имате пријатно, но не и сексуално чувство на кожата, слично на некое убаво, подлабоко ежење. Постојат многу различни предизвикувачи за ASMR, од звукот на листање на страници или пукање на ноктите на дрвена површина, до шепотење глас или кореографија, прецизни движења, така што е аудио-визуелно.
![АСМР](https://static.taa.mk/uploads/attachments/630/body/07mag-asmr-slideshow-slide-B9GU-jumbo.jpg)
Не е невообичаено што денес илјадници луѓе прават видеа кои потоа ги гледаат милиони на YouTube, сепак кога станува збор за презентирање на статична слика за подароци со звук на некој што пакува со украсна хартија или снимки на помлада жена што шепоти или чешла коса, шушкави звуци со гребење по кожна јакна, можеби ќе помислите дека целиот свет е отиден во малку погрешна насока и треба малку да го оставите Интернетот на страна. Поентата е во познатите смирувачки звуци, како оние од раното детство, како чукањето на јадења од кујната додека мајка ви го готви вашиот омилен ручек, или бајките што се користеа за бебињата да се опуштат и да спијат.
![АСМР](https://static.taa.mk/uploads/attachments/631/body/efdab5e8-4a5c-11e9-bbc9-6917dce3dc62.jpg)
Бројните дискусии на Интернет меѓу луѓето потврдија дека ова чудно неименувано чувство го делат многумина. Бројни лица кои дотогаш се сметаа за чудни, одеднаш сфатија дека тие всушност се дел од групата луѓе со споделени искуства. Денес, има страници, форуми, дури и статија на Википедија, но исто така и бројни имиња, вклучително и „еуфорија предизвикана за внимание“, „неименувано чувство“ или „мозочен оргазам - braingasm“. Некои признаваат дека станале зависни во потрагата по нови задоволства на АСМР за да им помогнат во борбата против несоницата.
![АСМР](https://static.taa.mk/uploads/attachments/632/body/07mag-asmr-slideshow-slide-5VHD-jumbo.jpg)