21 јуни е ден кој истражувачите го користат да предупредат за исчезнувањето на ова африканско животно, а за таа цел во северниот дел на Кенија се работи на нејзина заштита.
„На толку многу луѓе толку добро им се познати жирафите што мислат дека ги имаме во изобилство“, рече Сузан Либерман од Здружението за зачувување на дивиот свет.
„Во Јужна Африка ним можеби им оди добро, но жирафите се сериозно загрозени“. Либерман рече дека жирафите се особено изложени на ризик во делови од Западна, Централна и Источна Африка.
„Жирафата доживеа пад од над 40% во последните 30 години“, рече Мајана Филип Мурути од Африканската фондација за животински свет.
„Ако тој тренд продолжи, тоа значи дека одиме кон истребување“.
Жирафата е најголемиот жив преживар и е уникатно животно по многу нешта освен дека е највисокото животно со најдолг врат. Од сите цицачи, жирафата има најмалку потреба од сон - во просек помалку од 2 часа во деноноќие. Должината на јазикот на просечна жирафа е околу 45 см и со негова помош може потполно да го исчисти своето лице од инсекти како и да влече помали гранки од растенијата со кои се храни. Срцето на просечна жирафа има проток од 60 литри во минута, тежи 12 кг., и создава притисок околу 3 пати повисок од крвниот притисок на човек, со цел крвта да може да достигне доволна циркулација во најоддалечените делови, посебно мозокот на жирафата. Крвните садови во вратот на жирафата имаат посебни залистоци кои спречуваат притисокот на крвта во главата да минува низ нагли промени кога животното нагло ја спушта или крева главата. И машките и женските жирафи имаат рогови. Периодот на парење е од мај до август и женката младото го носи околу 457 дена.