Никол Шерцингер и Том Еванс го прославија нејзиниот 42 роденден на плажа во Португалија.
Популарната пејачката од Пусикет Долс и поранешениот рагби играч споделија неколку фотографии како позираат до пештера во костими за капење.
Подоцна парот уживаше во алфреско ручек на нива, наздравувајќи со чаша вино.
Фотографиите ги наслови со порака која гласеше
„Фала му на Бога за уште една година околу сонцето. За нов ден, свеж здив во белите дробови и моето срце чука посилно од кога било, многу сум благодарна. Ви благодарам за вашиот благодет и овој неочекуван подарок. Ви благодарам за радоста и огромната љубов што можам да ја добијам денес од семејство, пријателите и многу луѓе ширум светот. Благодарам што ми бевте толку добри и што никогаш не се откажавте од мене, ми го покажавте вистинското значење на убовта, среќата и мирот и јас сум вечно благодарна.“
Том сподели и слика како седеше покрај неговите родители, додека Никол ги имаше рацете завиткани околу него.
Том и Никол за прв пат се запознале минатата година, кога тој се натпреварувал на „Х Фактор“ додека нејзината улога во шоуто беше судија.