Викторија и нејзините 15 (!) веренички прстени од Дејвид Бекам во 20 години брак

Среда, 02 Септември 2020 21:30

Викторија Бекам освен што е успешна деловна жена со модна линија позади себе на која што многумина можат да и позавидат, таа за сопруг го има и еден од најпосакуваните мажи на денешницата, сонот на многу жени Дејвид Бекам. Фудбалерот ја запроси својата Spice Girl далечната 1998 година, а се венчаа една година подоцна на Денот на независноста, 4-ти јули во Ирска. Оваа година слават 21 година успешен брак позади себе, збогатен со четири деца во меѓувреме. По тој повод погледнавме одблизу во колекцијата прстени кои ги има добиено Викторија низ годините како подарок од Дејвид, кој за секоја годишница ѝ купува нов прстен. Целата колекција е проценета на импресивни 11.76 милиони долари. 

1998 

Првиот прстен кој Дејвид и го подарил на Викторија, односно прстенот со кој ја има запросено. Прстенот од жолто злато со жолт дијамант тогаш чинел околу £65,000. 

Викторија БекамВикторија Бекам

2001 

После венчавката Викторија престана да го носи прстенот со кој ја запросија, и во јавноста се појавуваше со прстен од платина во наредните 18 месеци, и кој според шпекулациите чинел £1.2 милиони. 

Викторија БекамВикторија Бекам

2003 

Ова е еден од најекстравагантните во колекцијата веренички прстени, комбинација платина со дијамант, во вредност од £1.2 милиони. 

Викторија БекамВикторија Бекам

2004 

Следниот го има добиено како подарок за 30-от роденден, розево бежов овален дијамант по цена од $1.1 million (£880,000). Овој прстен следи после скандалозните натписи во британските таблоиди на 4-ти април, каде Дејвид беше осомничен за неверство со неговата лична асистентка Rebecca Loos, за потоа и моделот Sarah Marbeck да тврди дека има ја има поминато ноќта со фудбалерот. Парот ги негираше ваквите гласини. 

Викторија БекамВикторија Бекам

2005 

17 каратен крушковиден дијамант, најголем од целата скапоцена колекција. Истовремено и еден од омилените, бидејќи сеуште го носи често. Цена £2 милиони, што го прави и најскапоцен во колекцијата. Добиен е веднаш по раѓањето на нивното трето дете Круз, и во периодот кога Дејвид играше за Реал Мадрид, и беше на врвот на својата фудбалска кариера. 

Викторија БекамВикторија Бекам

2006 

Повторно оваа година посветена на прстен од жолто злато со жолт дијамант, кој таа често го комбинира со други потенки прстенчиња кои му даваат помасовен изглед. 

Викторија БекамВикторија Бекам

2007 

Овој пат ги оставаат дијамантите на страна. Оваа година изборот паѓа на зелен емералд вдлабнат во дијамандска спирала од £700,000. Година кога Викторија беше прогласена за 52ра најбогата жена во Британија, и кога стартуваше со своето реално шоу Victoria Beckham: Coming to America. Истата година се појави во многу телевизиски проекти, вклучувајќи ги  Project Runway и Ugly Betty. 

Викторија БекамВикторија Бекам

2008 

Сличен прстен на тој од 2003-та, само многу поголем. Повторно 15 каратен емералд со дијаманти за нешто повеќе од £1.65 милиони. 

Викторија БекамВикторија Бекам

2009 

Оваа година беше посветена на исклучиво специфичен прстен. Колекцијата беше надополнета со овален црвен рубин во дијамантска рамка. Иако е љубителка на црната боја, немаше ништо против оваа црвена скапоценост. 

Викторија БекамВикторија Бекам

2010 

Продолжувајќи во духот на скапоцените камени, следен на листата беше син сафирски прстен кој засветка на левата рака. Во овој периодот бракот повторно беше ставен на тест со гласини за неверството на Дејвид, кои успешно ги решија. 

Викторија БекамВикторија Бекам

2011 

Потоа доби нежен овален розов дијамант на жолто злато. 

Викторија БекамВикторија Бекам

2015 

Плус уште еден округол дијамант додаден во колекцијата. 

Викторија БекамВикторија Бекам

2015 

Ова е еден од најголемите изненадувања и најнеочекуван подарок, прстен со месечев камен од Jacob & Co, кој чинеше 'само' £10,000. Овој подарок симболично следуваше после наградата од Кралицата Елизабета за нејзината хуманитарна работа и посветеност. 

Викторија БекамВикторија Бекам

2016 

Потсетувајќи се на почетоците, повторно Дејвид се реши за елегантен коцкаст дијамант со платина, кој својата премиера ја доживеа на Канскиот филмски фестивал во 2016 година. 

Викторија БекамВикторија Бекам

2018 

Последниот додаток во колекцијата е прстен сличен на претходниот, со коцкаст жолт дијамант кој чини £120,000, и кој беше прв пат носен на Louis Vuitton машката ревија на Paris Fashion Week истата година. 

Викторија БекамВикторија Бекам