Ви претставуваме девојки кои докажаа дека можете да станете славна личност дури и ако сте малку над 150 см.
Се верува дека успешните девојки мора да бидат убави, згодни и да имаат висина на модел. Сепак, оние со низок раст се често многу поуспешни во својата работа отколку повисоките колешки.
Откријте ги најпознатите „џебни венери“
Аријана Гранде – 153 см
Пејачката не крие дека би сакала да биде повисока. Затоа обожава чевли со високи потпетици и чизми преку колената кои визуелно ја „издолжуваат“.
Ева Лонгорија – 157 см
Ева од детството сонуваше да стане модел, но нејзините желби не беа предодредени да се остварат. Таа упорно ги испраќаше своите фотографии до агенциите за моделинг ширум светот, сè додека не сфати дека треба да се обиде во улогата на актерка.
Скарлет Јохансон – 160 см
Таа ги фасцинира сите режисери и сите се воодушевуваат од нејзината женственост, целосно игнорирајќи го нејзиниот низок раст. И самата актерка се шегува на своја сметка велејќи дека единственото нешто што и пречи во врска со нејзиниот низок раст е дека неубедливо злобно изгледа нејзиниот лик кога треба да игра опасна улога.
Камила Кабелјо – 157 см
Креативниот дует и романтичната врска на пејачката со Шон Мендес изгледа особено интересно поради големата разлика во висината, момчето е точно 30 см повисоко од неговата поубава половина.
Кристина Агилера – 157 см
Фановите кои не ја виделе пејачката во живо, честопати мислат дека таа е со средна висина, па дури и висока.
Шакира – 150 см
Сопруг на Шакира е фудбалерот Жерард Пике со висина од 194 см, во споредба со која Шакира изгледа уште поминијатурно. Но, таа не се грижи за нејзината висина и често се појавува боса во музички спотови и на настапи.
Кортни и Ким Кардашијан – 152 и 159 см
Во семејството Кардашијан, двете најстари сестри имаат најмала висина - Ким и Кортни Кардашијан. Без никаков проблем тоа го надополнуваат со високи потпетици.
Лејди Гага – 155 см
Екстравагантните слики на Лејди Гага често вклучуваат чевли или сандали со екстремно високи потпетици и платформа. На пејачката и се чинело дека на овој начин луѓето нема да забележат колку е навистина ниска. Со тек на времето, дури и се допаднало што тие станале препознатлив детал за нејзиниот изглед, а не само корисен трик за животот.
Кајли Миног – 155 см
Нискиот раст не ја спречува Кајли редовно да зазема водечки позиции во разни избори за „најсексапилна жена“.
Рис Витерспун – 156 см
Рис Витерспун изгледа многу минијатурно покрај нејзината пријателка и колешка Никол Кидман, чија висина е 180 см. Но тоа воопшто не и пречеше да го има за сопруг еден од најпосакуваните Холивудски актери, Рајан Филипе.
Руни Мара – 160 см
На 30-годишна возраст, Руни Мара беше прогласена за најдобра актерка според жирито на Канскиот филмски фестивал. Нејзиниот раст не ги попречуваше ниту нејзините номинации за БАФТА, Оскар и Златен глобус.
Алиса Милано – 157 см
Иако scвездата на „Charmed“ се појавува на екраните многу поретко отколку порано, таа сепак преферира да работи на сетот во чевли со високи потпетици за визуелно да изгледа повисоко.
Сара Џесика Паркер – 160 см
Ѕвездата на култниот „Сексот и градот“ отсекогаш сметала дека местото во рангирањето на најсексапилните актерки е премногу глупаво - што не ја спречува да остане вечна миленичка на жените.
Емилија Кларк – 157 см
Печатените медиуми честопати ја нарекува актерката секси божица.