Се сеќаваме на Џорџ Мајкл кој денес требаше да го прослави својот 57-ми роденден

Четврток, 25 Јуни 2020 12:07

Мајкл, кој е роден како Јоргос Киријацос Панајоту во северен Лондон, во текот на својата речиси 4-децениска кариера продава над 100 милиони албуми. Првата поголема слава ја има со групата „Вем“ (Wham), а потоа продолжува успешно со својата соло кариера. Едни од песните кои ја обележаа неговата кариера се: Careless Whisper и Last Christmas.

Беше прогласен за еден од 40-те најуспешни артисти на „Bilboard Hot 100” на сите времиња, на Британските музички награди два пати беше прогласен за најдобар британски машки вокал, а дури три пати се закити со признание на американските музички награди. Освои две Греми награди, од осум номинации и во 2004-та беше прогласен за најслушан артист на бритнанските радија во периодот од 1984-2004. Сите албуми на Мајкл во Англија се искачија на прво место. Во 80-те години Мајкл беше пример за голем број музичари и одигра значајна улога во развојот на видео спотовите.

Документарниот филм “A Different Story” (Поинаква приказна) излезе во 2005 година. Го содржи неговиот приватен живот и неговата професионална кариера.

Почина мирно во својот дом на Божиќ во јужна Англија на 53 годишна возраст.

George Michael

Најчитани

Соновник

Најчест сон за вчера беше: Мртовец

Цагери

Следен цагер

Цагери Вторник - 03:03 - Сака да е со тебе