Роденденот го прослави со нов имиџ: Клои Кардашијан е бринета

Петок, 03 Јули 2020 16:25

За 36-от роденден на Клои Кардашијан ќе се зборува со месеци. Гламур, луксуз и многу познати луѓе собрани на едно место, домот на нејзината сестра Кајли.

„Здраво луѓе! Речиси е 9 часот наутро, а добив толку многу слатки и убави пораки“, напишала Клои на Твитер.

Целата забава била гламурозна каква што приредуваат само Кардашијанс, со огромна торта од неколку спрата како дел од прекрасниот амбиент, и разни други декорации.

„Толку ве сакам и не можам да се чувствувам повеќе сакана. Ви благодарам, милион пати ви благодарам! Ве сакам“, напишала таа пред да почне да се подготвува за забавата.

Погледнете како изгледаше забавата на Клои: