Рио и Кејт Фердинанд го очекуваат своето прво бебе

Четврток, 18 Јуни 2020 22:04

Жената на популарниот фудбалер Рио Фердинанд, Кејт е бремена со нивното прво бебе. Двојката е воодушевена и слави заедно со семејството и пријателите додека со нетрпение го очекуваат следното поглавје во нивниот живот.

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Kate Ferdinand (@xkateferdinand) on

Кејт тајно го снимаше моментот кога им ја пренесе убавата вест на Лоренц, Тејт и деветгодишната Тија - децата на Рио од првиот брак со Ребека. Децата беа пресреќни и возбудени кога им беше кажано дека добиваат нов брат или сестра.

Трите деца не можеле да поверуваат во тоа. Тие почнале да извикуваат: „сестра, сестра“, додека момчињата се запрашувале дали е вистина.

Кејт го наслови слаткото видео: "Лудата куќа ќе стане малку полуда ... секој пат кога го гледам ова, ме прави да плачам. Бебе Ферди, сите сме возбудени што ќе те запознаеме".

Трнливиот пат на двојката беше документиран во филмот „Рио И Кејт: Да станеш маќеа“, кој беше продолжение на филмот „Рио Фердинанд“: Да се биде мама и тато, кој победи на БАФТА во Рио 2017 година.

Во палатата на Фердинанд, Кент, sидови биле украсени со семејни фотографии вклучувајќи ја и Ребека, која почина од рак на дојка на возраст од само 34 години.