Оскарите за 2021 година се одложени за некој иден датум. Првично беа закажани за 28 февруари, за подоцна да бидат преместени на 25-ти април како резултат на пандемијата на коронавирус. Академијата, го продолжи периодот на квалификации за пријавување на режисери и студија кои издаваат проекти за време на пандемијата на коронавирус. Крајниот рок за поднесување на категории, како кратка анимација или документарен филм, е 1 декември 2020 година. За општите категории, крајниот рок е 15 јануари 2021 година.
Оскарите веќе се прилагодуваат на новата сцена имплементирајќи мерки за социјално растојание. Со тоа што помалку луѓе гледаат филмови во кината, академијата сега ќе ги вклучи и филмовите кои премиерно се прикажале дигитално доколку нивните студија првично планирале да имаат театарски изданија. Претходните барања вклучуваа филмот да има седумдневна објава во Лос Анџелес за да се квалификува за разгледување. Сега, филмовите што беа претставени во кината во Њујорк, Чикаго, Мајами и Атланта исто така ќе имаат шанса да се квалификуваат.