„Среќен роденден, мила Фејт Маргарет! Те сакаме многу“, напиша гордата мајка, заедно со слика од роденденската торта со розови свеќички, шарени трошки, чоколаден прелив и шлаг, со натпис: „Среќен 10-ти роденден“.
За роденденот на својата ќерка Фејт, Кидман сподели ретка фотографија со Фејт како бебе.
Кидман и нејзиниот сопруг, кантри пејачот Кит Урбан ја заштитуваат приватноста на нивните деца и ретко објавуваат слики од нивните лица на социјалните мрежи. Кидман и Урбан имаат и 12-годишна ќерка Сандеј Роуз.
На почетокот на годината, добитничката на Оскар сподели една преслатка фотографија со двете нејзини ќерки, додека ги држеше скриени нивните лица.
„Јас не сум ништо без љубовта на моето семејство“, напиша таа во описот.