Принцот Вилијам и неговата сопруга војвотката Кејт Мидлтон познавачите на кралското семејство често ги истакнуваат како пример на родители кои добро ги воспитуваат своите три деца, принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луи. Како идни крал и кралица, нивниот став околу чувствителните општествени прашања е многу важен за јавноста, особено оние поврзани со одгледувањето на нивните деца, како идни престонаследници.
Принцот е особено слаб на своите наследници, и не крие дека со Кејт планираат искрено да разговараат со своите деца на секоја тема, вклучително и сексуалната ориентација, за да им дадат повеќе информации за оваа тема. Има истакнато дека не би го загрижувало доколку неговото дете би се изјаснило како хомосексуалец, туку тоа што целиот притисок ќе падне врз нив.
„Мислам дека луѓето не мислат за тоа сè додека не станат родители. Мислам дека тоа е сосема во ред. Единствено околу што би бил загрижен, особено поради улогата која моите деца ја имаат, е како на тоа ќе се гледа и како ќе се интерпретира во јавноста“
Дотогаш уживаме во прекрасните фотографии кои хронолошки го прикажуваат Принцот како грижлив и посветен родител.