Кристина Агилера за својот 40-ти роденден: „Го ценам созревањето што доаѓа со возраста“

Понеделник, 21 Декември 2020 10:00

Кристина Агилера неодамна го прослави својот 40-ти роденден.

Добитничката на наградата Греми испрати порака на социјалните мрежи за стигмата што владее околу стареењето, на кое таа гледа од сосема поинаков агол.

"Оваа социјална стигма околу стареењето постои отсекогаш, иако не се согласувам со неа. Јас сум отсекогаш стара душа и ја ценам мудроста и убавината што доаѓаат со секоја нова година од животот", напиша таа. „Го ценам созревањето што доаѓа со возраста."

Агилера ја призна важноста на овој голем роденденски јубилеј во ваква необична година кога „нашиот свет е превртен наопаку“, но вели дека е „вистински благословена“ со нејзиниот живот и останува оптимист за иднината.

„Слушнав како се зборува дека најдобриот дел од животот се живее во 40-тите години“, напиша таа додавајќи дека со годините има се помалку грижа за нештата кои порано и создавале мака. "Јас навистина верувам дека најдоброто допрва доаѓа. Подготвена сум за тоа, и нетрпеливо го очекувам."

Кристина АгилераКристина Агилера

Последно е актуелна со нејзината студиска изведба на ''Божиќната песна'' во гостувањето кај Сет Мејерс. Таа настапи во костим соодветен на празничната атмосфера, изнудувајќи позитивни коментари за нејзиниот изглед.