Кристен Стјуарт ќе ја глуми принцезата Дајана во филмот Спенсер, драма што може да добие директен влез на филмскиот фестивал во Кан. Сценариото кое е напишано од Стивен Најт го опфаќа критичениот викенд во раните 90-ти години, кога Дајана одлучи дека бракот со принцот Чарлс не функционира и дека треба да се повлече од патеката што ќе ја направи да биде кралица. Драмата се одвива во текот на три дена, во еден од нејзините последни Божиќни празници во Англија. Производството се очекува да започне во почетокот на 2021 година.