Кралицата на Холивуд Мерил Стрип го прослави 71-от роденден

Вторник, 23 Јуни 2020 21:59

На 22 јуни Мерил Стрип наполни 71 година, а сѐ уште зрачи со истата ведрина како на почеток на нејзината кариера. Божицата на Академијата за филмска уметност била номинирана рекордни 21 пат за најпрестижната филмска награда Оскар на Академијата на САД, од кои три пати ја освоила. Се здобила со 25 номинации за Златен Глобус, од кои освоила седум, со што станала единствената актерка која се здобила со најголем број номинации во историјата на оваа манифестација. Сето тоа ја прави една од најталентираните, најплатените и најпочитувани актерки во модерната ера.

„Мислам дека е тешко да ја имате Мерил Стрип во која било улога, а да немате чувство дека имате човечко суштество на екранот. Мислам дека не ни сакате тоа да биде поинаку. Големите актери се за тоа“, изјави режисерката Филидија Лојд.

Сакана е од сите, дури и по триесет години во шоу бизнисот. Може да се пофали со завидна кариера, но и исполнет приватен живот и брак што трае четириесет години.

„Тоа што навистина нè усреќува сите е многу просто: љубов, секс и храна! Сè друго - моќ, влијание, сила - сите тие нешта знаат да ги надминат важните работи во животот. Но, сè додека имаш храна и кров над глава, и имаш сè што ти треба, тогаш тоа што нè усреќува е многу едноставно.“, изјави Мерил.

Aмериканскиот поранешен претседател Барак Обама јавно и изјави љубов на Мерил, но на тоа никој не му замерил.

„Ја сакам Мерил Стрип. Нејзиниот сопруг знае дека ја сакам. И Мишел знае дека ја сакам. Тие двајца не можат против тоа“, изјави Обама.

Ја сакаме и ние. Среќен роденден Мерил!

Meryl StreepMeryl StreepMeryl Streep