Ким Кардашијан е следната прва дама на Америка?

Понеделник, 06 Јули 2020 10:00

Доколку се надевавте 2020-та да нема повеќе изненадувања, напротив - американскиот рапер Канје Вест, втор на листата на Форбс најбогати музичари, кој ги повикува слушателите во една песна да „стигнат до sвездите, па ако паднат, да слетаат на облак“, го искористи празникот Ден на независноста да објави на Твитер кандидатура за претседателските избори до кои остануваат точно четири месеци и ќе го предизвика републиканецот Доналд Трамп и неговиот политички ривал, демократот Џо Бајден, а Ким како негова сопруга можеби ќе ја наследи Меланија.

„Сега ние мора да го исполниме ветувањето на Америка верувајќи во Господ, обединувајќи ја нашата визија да ја градиме нашата иднина. Јас се кандидирам за претседател на Соединетите американски држави“, твитна Вест со емотикон од американското знаме и назнака #2020VISION.

Ким КардашијанКим Кардашијан

Најновата објава на американскиот рапер предизвика лавина реакции кај неговите 29 милиони следбеници.

Ким КардашијанКим Кардашијан

Вест, многукратниот добитник на Греми, веднаш доби поддршка од Илон Маск, главниот извршен директор на производителот на електрични автомобили „Тесла“ и уште една славна личност позната по ексцентричните изјави кој ја поздрави неговата најава.

„Ја имаш мојата целосна поддршка“, му напиша Маск.

Ким КардашијанКим Кардашијан

Вест е еден од ретките во индустријата за забава, кој гласно ја изразува својата поддршка за Трамп и со Ким го посетија во Белата куќа. Сѐ уште не е познато дали Вест навистина има намера да се кандидира на изборите закажани за 3 ноември, и дали и официјално ја поднел кандидатурата. Во голем број сојузни држави сѐ уште не е завршен крајниот рок за додавање на независните кандидати на гласачкото ливче.

Ким Кардашијан и Доналд ТрампКанје Вест и Доналд Трамп