Дури и најбараните и највисоко платените ѕвезди некогаш ги правеле своите први срамежливи чекори на големото платно. Некои ја започнале својата кариера со појавување во сапуници, додека други се обидувале во филмови за деца. Погледнете како изгледале нивните животи кога се впуштиле во борбата за место под Холивудските светла.
Анџелина Џоли
Најубавата жена на светот потекнува од Холивудско семејство, со татко добитник на Оскар, па нејзиниот пат до светска слава не бил нешто особено тежок. Од мала опкружена со филмски работници, сето тоа надополнето со природната убавина, не може да кажеме дека имала трнлив пат до успехот.
Марго Роби
Актерската кариера на Роби започнала во 2007 година во Австралија со улоги во филмовите ICU и Vigilante. Подоцна улогата на Дона Фридман во сапуницата „Соседи“ и донесе слава во нејзината татковина.
Роберт Дауни Јуниор
Во 1985 година, 20-годишниот Роберт Дауни Јуниор се приклучи на екипата на популарното шоу, Saturday Night Live на NBC само за една сезона. Меѓутоа, откако сфатил како функционира работата на телевизија, тој избрал повеќе да се фокусира кон филмскиот свет.
Кирстен Данст
Еден од првите проекти на Данст, кога таа започнала да го освојува Холивуд уште во раното детство, била улогата на ќерката на Шерман МекКој во „Огнот на суетите“ (1990 г.).
Том Хенкс
Во 1980 година, Хенкс глумел во хорор филм наречен „Тој знае дека си сам“. Но, првата препознатлива улога на актерот била во ситкомот „Босом Бадис“, каде ја играше главната улога на Кип Вилсон/Бафи.
Скарлет Јохансон
Едно од првите незаборавни дела на актерката беше нејзината улога на Емили во филмот „Ако Луси падне“ (1996).
Дру Баримор
Актерскиот напредок за Дру Баримор беше со нејзината улога на Герти во филмот E.T. на Стивен Спилберг (1982). Во тоа време, таа имала само 7 години.
Џејсон Момоа
Дури и најстраствените обожаватели на Момоа можеби не знаеја дека дебито на актерот се случило во култната серија „Baywatch“, каде што може да се види во десеттата и единаесеттата сезона во улогата на Џејсон Јоане.
Мила Кунис
Филмот „Пирана“ (1995) каде Кунис игра една од нејзините први улоги - ќерка на локален шериф.