Кајли Џенер и Сторми со „Гринч“ колачиња ја најавија новата колекција козметика

Петок, 20 Ноември 2020 21:30

23-годишната Кајли Џенер сподели серија фотографии со своите 200 милиони следачи на Инстаграм промовирајќи ја сопствената најнова колекција шминки инспирирана од Божиќниот филм „Гринч“. Ѕвездата на KUWTK на себе има светкав дводелен комплет што потсетува на елка, по повод католичкиот Божиќ.

„Мојата Гринч колекција излегува денес“, напиша таа.

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Kylie 🤍 (@kyliejenner)

Идејата за целата колекција е преземена од популарниот Божиќен филм со ист наслов – „Гринч“, а пакувањата се еднакво интересни и тематски поврзани со ликовите од филмот. Дури и самата Кајли ја промовира колекцијата со зелена перика, соодветна капа и крзнен фустан без прерамки.

Кајли ЏенерКајли ЏенерКајли Џенер

„Кајли го украде Божиќ“, напиша таа во описот на објавата додавајќи дека колекцијата GRINCH X KYLIE е лансирана денес, точно на време за претстојните празници.

Кајли колекцијаКајли колекцијаКајли колекцијаКајли колекцијаКајли колекцијаКајли колекција

Најголемо изненадување во промоцијата беше вклучувањето на двегодишната ќеркичка Сторми Вебстер, со која прават тематски „Гринч“ колачиња, а носат и идентични „Гринч“ пижами. Кајли објави слатко видео во кое го сподели и рецептот за колачињата, па ако немате идеја, можете да ги пробате нивните.