Ирина Шајк денес го слави својот 35-ти роденден: Да се потсетиме на нејзините сексапилни изданија низ годините

Петок, 08 Јануари 2021 16:30

Ирина Шајк е несомнено една од најпосакуваните жени во моментов, и денес манекенката го прославува својот 35-ти роденден опкружена со подароци и во друштво на нејзината ќерка Леа де Сена. Одделена од актерот Бредли Купер, татко на нејзината единствена ќерка, моделот наполни 35 години на врвот на својата професионална кариера, како една од најбараните модели на меѓународната сцена.

Манекенката, која е родена во Јеманжелинск во 1986 година, се прослави по нејзината врска со фудбалерот Кристијано Роналдо, кого го запозна во 2010 година и со кого беа во љубов пет години. Потоа сè укажуваше на тоа дека врската со згодниот актер Бредли Купер е тоа вистинското, меѓутоа неговата хемија со Лејди Гага за време на снимањето на филмот „A Star Is Born“ заврши со расипување на врската.

Во моментов Ирина е целосно фокусирана на нејзината улога како мајка, особено за време на празниците можевме да ја видиме како ужива во најголемиот дел од времето со својата ќеркичка, според фотографиите кои ги споделува со своите следбеници на Инстаграм.

Во продолжение ќе ве потсетиме на некои од нејзините најдобри, односно највпечатливи изданија низ годините.