Интересни факти за шармантиот Рајан Гослинг

Среда, 09 Декември 2020 20:30

Актерот Рајан Гослинг неодамна го прослави својот 40-ти роденден. Па, во чест на оваа прослава составивме листа од неколку интересни факти за шарматниот татко на две деца.

1. Роден во Онтарио, Канада од родители Томас, продавач на хартија и Дона, секретарка, Рајан Гослинг пораснал во мормонско домаќинство.

2. Гослинг својот почеток во забавната индустрија го започнал со пеење на песната „When a Man Loves a Woman“ на свадба со неговата сестра, Манди Гослинг.

3. Тој отишол на аудиција за Мики Маус Клубот кога имал само 12 години, за на крај да ја добие својата улога покрај Бритни Спирс, Кристина Агилера и Џастин Тимберлејк.

4. Мајката на Џастин Тимберлејк, Лин, била законски старател на Гослинг додека снимал за Дизни каналот во Орландо, бидејќи тој бил малолетен, а неговата мајка морала да се врати во Канада.

5. И покрај тоа што е тешко да се замисли некој друг освен Гослинг во улогата на Ноа Калхун во романтичниот филм „The Notebook“ од 2004 година, режисерот Ник Касеветес признал дека морал да се бори за да го добие тогаш 23-годишниот актер.

6. Пред Рејчел Макадамс да ја добие улогата на Али, една од поранешните колешки на Гослинг, всушност за таа улога била земена предвид Бритни Спирс.

7. Иако тие подоцна станаа еден од најомилените парови во Холивуд, Гослинг и Макадамс не можеле да комуницираат на мирен начин за време на снимањето на филмот „The Notebook“. Потоа беа пар три години пред да стават крај во 2009 година.

8. Неговата прва голема врска во Холивуд е со неговата колешка Сандра Булок, која е 16 години постара од него. Парот се забавувал една година, иако никогаш не коментираа јавно за нивната романса.

9. Гослинг ја запозна својата сопруга Ева Мендес во 2011 година на снимањето на филмот „The Place Beyond the Pines“. Тие имаат две ќерки, Есмералда и Амада. Во едно интервју, sвездата проговори за татковството, велејќи: „Цел живот, слушаш како е да имаш деца, и сите клишеа се точни. Јас чувствував дека знаев дека сè ќе биде поинаку, но сè додека не го доживееш тоа, нема начин да се знае навистина што луѓето сакаат да кажат“.

10. Гослинг и неговиот познат канадски пријател Џастин Бибер се всушност во роднинска врска. Според Ancestry.com, кои во 2012 година објавија дека се братучеди, а нивната роднинска врска датира од Французите кои се преселиле во Квебек, Канада во 1600-тите.

Најчитани

Соновник

Најчест сон за вчера беше: Мртовец

Цагери

Следен цагер

Цагери Четврток - 17:17 - Му се допаѓаш на другар му