Хали Бери во бикини го прослави 54-тиот роденден на плажа во перфектна форма

Понеделник, 17 Август 2020 10:00

За Хали Бери времето како да застанало. Холивудската актерка изгледа фантастично иако чекори во шестата деценија од животот.

Оскаровката го прослави својот 54 роденден на плажа, и ги остави обожавателите без здив со совршениот изглед на фотографиите кои ги сподели на социјалните мрежи. За кратко време таа доби повеќе од 800.000 лајкови, како и бројни комплименти, вклучувајќи ја и познатата актерка Октејвија Спенсер. Под фотографијата многумина и упатија роденденски честитки и пофалби за нејзиниот фантастичен изглед кој е пример како може да се биде секси и по 50-тата година од животот. 

„Сезоната на Лав е во полн сјај “, напиша таа, која во хороскоп е Лав, и понатаму е вистинска жена мачка.

Halle BerryHalle BerryHalle Berry

„54, животот е само подобар и подобар“, напиша покрај фотографијата која ја сподели со обожавателите позирајќи на скејтборд.

Halle Berry

Пред неколку дена, Бери, исто така, објави фотографија од плажа во бикини, за која што доби илјадници комплименти, и докажа дека е сè уште Бонд-убавица во бикини слични на тие од „Умри некој друг ден“ и 18 години потоа.

Halle Berry

„Сфаќате дека со секого не можете да одите на долги патеки. Не мислам дека сум завршила со љубовта, сè уште не сум подготвена да се смирам. Јас сум непоправлива романтичарка и нема да се смирам додека не го најдам тоа што го барам“, има изјавено за љубовта.

Halle Berry

Убавата Хали и натаму е единствена афроамериканска актерка која има освоено Оскар за главна женска улога.

„Седев таму и помислив, „Тој момент не ми значеше ништо. Мислев дека ми значи многу, но не ми значеше ништо. Јас бев длабоко повредена и тажна со тој факт, но тоа ме поттикна да се вклучам на други начини, затоа што сакам да направам поголеми шанси за луѓето со темна боја на кожата“, својата тага поради овој факт ја сподели во едно интервју.

Halle Berry

„Требаше да бидам секси и заводливо да грицкам смоква, но во еден момент почнав да се гушам од неа. Пирс мораше да стане и да ми направи Хеимличов зафат. Џејмс Бонд знае како да го направи тоа! Ми го спаси животот и секогаш ќе биде една од најмилите личности во мојот живот“, раскажа глумицата во емисијата „The Tonight Show With Jimmy Fallon“ како колегата Пирс Броснан и го спасил животот.

Halle Berry

Хали Бери е првата афро-американска актерка наградена со Оскар за најдобра женска улога, и има добиено своја ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд.

Halle Berry