Gigi Hadid ја покажа внатрешноста од новиот дом во Њујорк кој сама го уреди

Вторник, 04 Август 2020 10:00

Супермоделот Gigi Hadid сподели фотографии од својот нов дом. Таа на социјалната мрежа Instagram и на сите нејзини следбеници го прикажа новиот уникатен стан во Њујорк, во кој ќе живее со момчето Зејн Малик и нивната ќеркичка по породувањето.

„Минатата година ја поминав дизајнирајќи го моето место од соништата. Секако, сето тоа се среди непосредно пред да започне карантинот. Возбудена сум за времето што ќе го поминам уживајќи  во сите специјални агли што беа направени со помош на некои од моите омилени креативци“, вели таа.

Gigi која е воедно и бремена со нејзиното прво дете, изрази благодарност и за помошта од нејзината мајка Yolanda Hadid. Целиот стан е дизајниран во свежи бои и има необични и уникатни декорации.

„Кој сака да зборува за грдиот ентериер на Џиџи Хадид“, „Ме теши фактот што Џиџи има грда куќа“, трети потенцираат „Џиџи е толку богата, а сепак одлучи станот да го дизајнира како студентски дом“, се дел од критички настроените коментари на Твитер.

Gigi Hadid homeGigi Hadid homeGigi Hadid homeGigi Hadid home