Холивудската актерка и внука на оскаровката Џулија Робертс, Ема Робертс и нејзиниот 6 години постар партнер, актерот Гарет Хедлунд, го чекаат своето прво дете.
29-годишната актерка, позната по серијата “American Horror Story” е во врска со колегата Гарет од минатата година.
Заедно се од март 2019, откако Ема ја раскина веридбата со 33-годишниот актер Еван Питерс со кој беше 7 години во врска. Нејзиното момче Гарет Хедлунд беше 4 години во врска со 38-годишната актерка Кирстен Данст.