Емили Ратајковски месецов прослави уште едно патување околу сонцето за својот 29-ти роденден. По тој повод реши да ги изненади своите многубројни обожаватели и да им подари кратко видео и фотографии на кое ја прикажува нејзината нова боја на коса, а за само еден час видеото е прегледано повеќе од милион пати.
Емили важи за една од најубавите дами на модната сцена и е позната како природна бринета, не правела драстични промени на фризурата, ниту на бојата на косата. А сега како русокоса за рекламните потреби на една компанија малку кој би ја препознал.
„Никогаш досега не сум ја обоила косата ниту пак сум ја променила должината значително,“ рече таа.
Коментарите се поделени, некои ја одобрија промената, додека други не се воодушевени од нејзината нова одлука и ја сакаат старата Емили назад. Без разлика на бојата на косата со бројните разголени фотографии ни докажа дека воопшто не се срами да го покаже своето тело - напротив!