24-годишната популарна пејачка е на заслужен одмор на островот Св. Лусија и ужива на Карибите со своето момче, манекенот Анвар Хадид. „Новата поп кралица“, како што ја нарекуваат медиумите, носеше црвени минималистички бикини, додека вљубениот Анвар не можеше да се насити од прегратките со својата сакана.
Двојката карантинот го мина заедно во Лондон, и со нетрпение чекаа да отпатуваат на Карибските острови да се одморат после напорната работа во студио за потребите на новиот студиски албум. Тие се љубовна двојка во светскиот шоу бизнис веќе некое време, откако Дуа претходно беше во врска цели 6 години со готвачот Ајзак Кероу. Анвар пак претходно е поврзуван со Кендел Џенер и сегашната вереничка на Бруклин Бекам, актерката Никол Пелц.
Анвар е помладиот брат на познатите сестри, супермоделите Бела и Џиџи Хадид, со кои Дуа е во одлични односи, и неодамна истакна дека е пресреќна на веста за станување тетка, откако Џиџи објави дека очекува бебе со пејачот Зајн Малик.
Многубројните обожаватели не штедеа комплименти за изгледот на Дуа.