Дејвид Бекам доби дозвола да гради тунел во куќата од 6 милиони фунти

Вторник, 23 Јуни 2020 21:07

Бекамови добија дозвола да градат таен тунел во куќата од 6 милиони фунти за да го заштитат семејството по провалници од висок профил.

Фарма

Официјални лица од Окружниот совет на Западен Оксфордшир дале зелено светло за проширување на постојната гаража со изградба на подрум под визбата кој води до главната куќа со обезбедување на нови скалила до приземјето. Врската ќе им овозможи подземен пристап од нивната главна куќа до гаражата која ја “крие“ нивната флота на луксузни возила.

Фарма

Тие ја зајакнуваат безбедноста само неколку недели откако играчот од средниот ред на Тотенхем, Деле Али, беше ограбен во неговата куќа во Хертфордшир.

Дејвид и Викторија Бекам

Во текот на појавата на коронавирусот, Дејвид и Викторија се самоизолираат во домот со три од нивните четири деца: Ромео, Круз и Харпер. Нивниот најстар син, Бруклин во моментот е сместен во Њујорк со својата девојка Никола Пелц.

Дејвид и Викторија Бекам со фамилијатаДејвид БекамДејвид БекамДејвид и Викторија Бекам со фамилијатаВикторија Бекам