Новиот албум „Positions“ на Аријана Гранде е инспириран од нејзиното ново момче Далтон Гомез. И по седум месеци таа е лудо вљубена во него, а пријателите велат дека ова наликува на една зреал врска каде се чувствува заемната почит која ја имаат еден спрема друг.
Во петокот, на 30 октомври, Аријана го издаде својот нов албум „Positions“ . А текстовите на новите песни укажуваат дека таа е крајно задоволна со своето ново момче.
"Аријана е сè уште лудо заљубена во Далтон! Тоа е многу здрава врска", објаснува извор близок до ѕвездата. „Тие сакаат да бидат ‘нормални’, а Ари сака да е приземјена. Тој ја балансира и ја оттргнува од лудата индустрија во која таа се наоѓа. Тие најголемиот дел од врмеето го поминуваат во нејзината куќа и сакаат да бидат далеку од очите на јавноста".
Очигледно Далтон – кој е брокер за недвижнини, со кој пејачката излезе во јавноста кога се појавија во музичкото видео на Џастин Бибер за „Stuck With U“ во март – е голема причина за звукот и изгледот на новиот албум на Ари.
„Небото те испрати кај мене“, пее Аријана. „Само се надевам дека нема да ја повторувам лошата историјата.“