Холивудската актерка со јужноамериканско потекло Шарлиз Терон, денес го прославува 45-от роденден. Една од најубавите жени на денешницата ја знаеме по бројните улоги и добиени награди, меѓутоа за нејзинот приватен живот малку се зборува.
Оскаровката немала воопшто лесно детство, растела со насилен татко кој имал проблеми со алкохолот, кого нејзината мајка го убила во самоодбрана со огнено оружје кога актерката имала само 16 години.
„Ужасно е будењето секој ден како дете на зависник, не знаејќи што ќе се случи овој пат и да се биде апсолутно свесен дека тоа не зависи од мене, туку од количината на пијалак што некој ќе ја испие“, има изјавено по тој повод.
Оттогаш е многу блиска со својата мајка, и ја смета за неверојатно храбра личност.
„Тогаш се преправав дека тоа не се случило, затоа што не сакав да зборувам за тоа. Луѓето ги лажев дека татко ми загинал во сообраќајна несреќа. Не сакав да ме гледаат како жртва и да ме сожалуваат“, има раскажано во една прилика.
Детските трауми ја научиле многу за родителската улога денес. Актерката има две посвоени деца кои трпеа критики на социјалните мрежи за начинот на кои ги воспитува и облекува. Нејзиниот син носи фустани, здолништа и плетенки, а Шарлиз вели дека тој е подеднакво девојче како и нејзината помала ќерка.
„Да, и јас мислев дека е момче, сè додека таа не ме погледна кога имаше три години и ми рече: Јас не сум момче. Па сега имам две прекрасни ќерки кои како и секој родител, сакам да ги заштитам што е можно повеќе. Не е на мене да одлучам кои ќе бидат тие кога ќе пораснат, можат сами да одберат. Мојата работа како родител е да ги сакам и да бидам сигурна дека ќе добијат сè што сакаат за да можат да бидат она што сакаат. Ќе направам сè што е во моја моќ тие да го уживаат правото да бидат што сакаат. Можеби мојата мајка е виновникот за тоа. Јас пораснав во земја каде луѓето живееја во полу-вистини и лаги и шепотат и никој ништо не кажува директно што мисли, а јас бев воспитана спротивно од тоа. Мајка ми ме учеше дека треба да зборувам отворено и кога животот ќе дојде до крајот да знам дека сум живеела во вистина, да ми биде пријатно и дека ништо негативно не може да излезе од тоа“, изјави актерката како одговор на многубројните критики.
По повод нејзиниот 45-ти роденден, направивме избор на 45 стилски изданија во кои Шарлиз блескала низ годините.