Веро доделува Пежо 208 за најсреќниот потрошувач

Понеделник, 15 Јуни 2020 15:35
Веро маркет

Во сите маркети на Веро од денес (15 јуни) почнува голема наградна игра „Веро ве изненадува и со Пежо ве наградува“ со многу богат фонд на награди, во која најсреќните двајца ќе освојат автомобил Peugeot 208 и скутер Hamachi ilbello 50.

Автомобил

Наградната игра ќе трае од 15 јуни до 31 јули и во неа може да учествуваат сите потрошувачи кои ќе направат сметка поголема од 300 денари за означените производи во маркетите. Добиените купони треба да ги пополните со лични податоци и да ги оставите во специјално означените кутии поставени во секој Веро маркет, со што директно учествувате во извлекувањето за неделните награди. Секоја недела Веро ќе доделува по еден тротинет, два велосипеда, 5 часовници Casio и по пет вредносни ваучери од 1.000 и 2.000 денари. Сите неизвлечени купони остануваат во игра и учествуваат во извлекувањето за двете главни награди што ќе се одржи на 1 август.

„Наградната игра ja организираме за да им се заблагодариме на потрошувачите за долгогодишната доверба и лојалност кон Веро маркетите. Нашите потрошувачи имаат изострен вкус и секогаш го очекуваат најдоброто, така што се потрудивме со богатиот фонд на награди да ги исполниме нивните очекувања. Им посакуваме среќа на сите учесници во наградната игра“, велат од менаџментот на Веро.

Сите што ќе освојат некоја од наградите ќе треба задолжително да ја приложат фискалната сметка при подигнувањето, затоа чувајте ги фискалните сметки до крајот на наградната игра.

Имињата на добитниците на неделните награди, како и на добитниците на двете главни награди ќе бидат објавени на интернет-страницата на Веро www.vero.com.mk.

Проверуваје навреме, пазарувајте во Веро и освојте вредни награди. Среќно!