Пронајдете го решението на одреден проблем со Prasaj.mk

Среда, 20 Јануари 2021 19:00

Prasaj.mk е заедница преку која може да го споделите знаењето со другите членови или да добиете решение на одреден проблем.

Прашај

Секој пат кога имате прашање без одговор од разни области, регистрирајте се, поставете го прашањето и чекајте одговор од друг член, за кој утре можеби вие ќе имате одговор на неговото прашање.

Прашањата се во соодветни таг категории, истите може да добиваат повеќе одговори од разни корисници, а квалитетните одговори добиваат повеќе видливост благодарение на едноставниот систем за гласање. Спротивно, неточни, навредливи и други несоодветни одговори благодарение на негативни гласови се лесно видливи и соодветно сместени.

Целта на prasaj.mk е да се соберат сите решенија на секојдневните проблеми на едно место за поедноставно и побрзо пронаоѓање на истите. Денешниве социјалните мрежи го нудат истиот сервис, на пример преку фејсбук групи, но проблемот е тоа што не секогаш прашањата и решенијата на одредени проблеми не стигаат до сите членови и затоа постојано се поставуваат исти прашања на кои веќе бил даден одговор и решение.

Prasaj.mk сервисот функционира слично како секој онлајн форум, но разликата е што членовите што одговараат на прашањата комуницираат само со членот кој го поставил прашањето.

Најчитани

Соновник

Најчест сон за вчера беше: Мртовец

Цагери

Следен цагер

Цагери Петок - 06:06 - Мала кратка средва