За првпат во скопската Зоолошка градина пристигнаа пингвини

Четврток, 17 Декември 2020 10:00

Од скопската зоолошка градина информираат дека минатата ноќ пристигнале долго најавуваните пингвини и тие полека се адаптираат во својот нов дом.

„Конечно вечерва во Скопје Зоо пристигнаа и пингвините. Тие пополека се адаптираат во својот нов дом и ја добија првата вечера, а остварија и прв контакт со своите нови зоо негуватели. Периодот кој следува ќе бидат во карантин, за полесно да се приспособат на живеалиштето, а ние постојано ќе ве „частиме” со интересни фотографии и видеа се додека не дојде моментот да ги видите и во живо. Пингвинчињата ќе живеат во современо живеалиште правено по светски стандарди, со голем надворешен базен и внатрешен топол дел со затворен базен“, велат од Зоолошката градина.

Се заблагодарија на Град Скопје што им овозможија ново прекрасно катче во градината, со уште попрекрасни птици за првпат кај нас.

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Skopje ZOO (@zoo_skopje)

 

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Skopje ZOO (@zoo_skopje)

Најчитани

Соновник

Најчест сон за вчера беше: ПРСТЕН

Цагери

Следен цагер

Цагери Понеделник - 02:02 - Некој ќе ти се јави