Mikel Coffee Company или Mikel е брзорастечки меѓународен синџир на кафе и кафулиња, со седиште во Лариса, Грција, со повеќе од 250 кафетерии на сите пет континенти. Микел нуди многу повеќе од само кафе, се продаваат повеќе од 180 варијации на цедено сварено кафе, топли пијалаци базирани на еспресо, други топли и ладни пијалоци, зрна од кафе, салати, топли и ладни сендвичи и панини, колачи, грицки, и предмети, како на пример чаши. Од основањето на Микел во Лариса 2008 година, по локалното печење и продажба на кафе, компанијата се прошири многу брзо.
Името на брендот "MIKEL," е кратенка за "Maybe it's knowledge entering life", мотото на компанијата. Логото на брендот е слика од таткото на основачот на компанијата, Елефтериос Кириакакис. Идејата била да не е налик повеќето безлични кафулиња, напротив, да се создаде целосно автентична приказна околу овој бренд. И успеваат во тоа. Микел не е само место за пиење кафе, Микел нуди целосно посебно доживување. Тоа е вашиот втор дом, вашиот coworking простор, вашата прва мисла кога помислувате на кафе.
Чекаме!