По осум години „McDonald’s“ се враќа во Македонија

Сабота, 10 Април 2021 17:35

Промените не стивнуваат и во периоди на пандемија, а македонскиот пазар станува атрактивна локација за нови инвестиции. По цели 8 години, интернационалиот гигант за брза храна „McDonald’s“, кој без престан работи на експанзија во речиси сите држави, доаѓа и кај нас.

Иако постојано се отвораат нови оператори за брза храна, сепак за многумина уживатели на брза храна  „McDonald’s“ е омилено место.

Цените и куповната моќ се едни од главните индикатори за одредена експанзија и влез на одредени брендови. Имајќи предвид дека 2021 година навестува динамични промени, како отворање на најголемиот трговски центар, се чини дека за американскиот гигант нашата држава претставува соодветно место за експанзија.  

McDonald's