Неделава навистина започна со убави вести за сите вљубеници во пишаниот збор. Македонската Асоцијација на Издавачи - Скопје, ве поканува на предновогодишниот саем на книга што ќе се одржува од утре (вторник, 1 декември) до 6 декември во трговскиот центар „Скопје сити мол“, на приземје секој ден од 10 до 22 часот. На почетокот од празничната сезона, вљубениците во книгата ќе може да ја „освежат“ својата библиотека со нови и привлечни изданија за сечиј вкус.
Предновогодишниот саем како една од најзначајните културни манифестации во земјата обезбедува широка програма на изложување, вклучувајќи:
- дела од домашни и странски автори;
- современи и класични литературни дела,
- стручна, научна и белетристичка литература;
- енциклопедии;
- дела од областа на културата и уметноста;
- книги за млади и деца;
- учебници и училишни прирачници и галантерија;
- канцелариски материјали, опрема за графичка индустрија, хартија и репроматеријали;
- современа опрема и прибор за училишта, факултети, просветни и истражувачки институти.
Во деновите на саемот, посетителите ги очекуваат бројни промоции, тематски средби и пригодни изложби, како и најновите изданија на домашните и странските издавачки куќи.
Посетете го саемот и почнете со купување подароци за вас и за вашите најблиски!